Состанок на Алијансата за мултилатерализам којшто се одржа преку видео конференциска врска [fr] [sq]

Во справувањето со Ковид-19, Франција се залага за зајакната меѓународна соработка преку глобалните институции. На 16 април, француските и германските министри за надворешни работи претседаваа со состанок на Алијансата за мултилатерализам којшто се одржа преку видео конференциска врска.

Франција и Германија ја поддржаа нацрт-резолуцијата за „жени и девојчиња и одговор на Ковид-19“, претставена од Шпанија пред Генералното собрание на Обединетите нации, преку техничка соработка со организацијата UN Women. Резолуцијата истакнува дека пандемијата COVID-19 особено ќе влијае на жените и дека за ефикасен одговор на оваа криза, светските лидери мора да ја земат предвид родовата динамика. Франција посакува оваа иницијатива да биде што поуспешна->https://www.diplomatie.gouv.fr/fr/politique-etrangere-de-la-france/la-france-et-les-nations-unies/l-alliance-pour-le-multilateralisme/actualites-liees-a-l-alliance-pour-le-multilateralisme/article/alliance-pour-le-multilateralisme-nous-avons-besoin-d-une-cooperation-et-d-une?fbclid=IwAR1OrMNUzIq8X8Q8DKmgbo6XCn5vTgxlomCRwW7NMU6_ZWyi0DNLqO9K7mY].

publie le 21/05/2020

hautdepage