Состанок на министрите за надворешни работи на НАТО [fr] [sq]

Министерот за Европа и надворешни работи, Жан-Ив Ле Дриан, учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО, што се одржа во Брисел.

Во таа прилика тој оствари средба со македонскиот Министер за Надворешни работи Никола Димитров. Министерот Ле Дриан ја потврди нашата целосна поддршка кон стапувањето во сила на Преспанскиот договор, потпишан на 17 јуни меѓу Атина и Скопје и интегрирањето на земјата во НАТО. Министрите, исто така, се осврнаа на европската перспектива и развојот на нашите билатерални односи, посебно во фокусот на претстојните активности на француската Агенција за развој во земјите од Западен Балкан.

publie le 06/12/2018

hautdepage