Специјализиран семинар за презентација на Инструментот за претпристапна помош (ИПА) - Скопје 24 октомври 2008

Во рамките на француското претседавање на ЕУ, француската Амбасада организира специјализиран семинар за презентација на Инструментот за претпристапна помош (ИПА) кој ќе се одржи во Скопје во салата на Центарот за Информации на Делегацијата на Европската комисија на 24 октомври. Ќе присуствуваат Гѓа Малинка Ристеска Јорданова, Државен советник при Секретаријатот за европски прашања, Гѓа Емануел Гијнеф, претставник на Европската Комисија во Скопје, Г. Александар Гештаковски, Директор на Агенцијата за Државни Службеници и Н.Е. Бернард Валеро, Амбасадор на Франција ќои ќе го направат свеченото отварање на прес конференцијата (од 9 до 10 часот)
JPEG
Шеесетмина македонски државни службеници ќе ја следаат оваа презентација водена од Г. Михајло Петровиќ, експерт од Националното Училиште за Администрација на Франција (ЕНА), одговорен за мултилатералната мисија на соработка во рамките на меѓународната соработка на Франција (ФЦИ) и ќе ги засилат размените за темата ИПА.

Настанот е организиран од страна на Француската Амбасада и е во рамките на општата Програма за Виша Административна Обука ВАО воспоставена во партнерство со Агенцијата за Државни Службеници од 2002 година. Досега пет специјализирани семинари за високи државни службеници се одржале на разни теми како електронска администрација, менаџирање на јавни сервиси, децентрализација, интерминистерска соработка и владина комуникација со учество на експерти од ЕНА.

ИПА е финансиски инструмент кој што е клучен за администрацијата на патот што треба таа да го изоди за пристапување кон ЕУ. Предпристапен финансиски инструмент за периодот 2007-2013, составен од пет поглавја кои поединечно имаат дефинирани приоритети во функција на потребита на земјите кориснички. Семинарот има за цел да одговори на прашањата на службениците од разни министерства и да им помогне да се носат со предизвицита и за идните години во перспектива на целосна интеграција на аки коминотер.

publie le 03/04/2012

hautdepage