Спогодбата од Преспа: Меѓународно значење и импликации врз евроатлантските интеграции [fr] [sq]

Амбасадорот учествуваше во вторникот, на 11 септември, на настанот организиран од Македонската академија на науките и уметностите: "Спогодбата од Преспа: Меѓународно значење и импликации врз евроатлантските интеграции".

Во таа пригода, тој потсети на пофалните зборови на претседателот Макрон за храброста што беше потребна за склучување на овој суштински договор за воспоставување на пријателски односи меѓу двете земји, за зачувување на јазикот и на идентитетот и отворање на европската и атлантската перспектива на земјата. Амбасадорот го стави овој договор во перспектива на европската изградба, која според моделот на француско-германското помирување имаше потреба од еден дух на компромис и желба да се изгради заедничка иднина, а да се остават зад себе бесполезните недоразбирања.

publie le 19/09/2018

hautdepage