Амбасадата на Франција учествуваше во акцијата за собирање отпад организирана од АЛДА Скопје како дел од меѓународната манифестација „Денови на активности на граѓаните во Медитеранот“ организирана од здружението Работилница на млади граѓани од Медитеранот.
По тој повод, учесниците комбинираа трчање и собирање отпадоци оставени на кејот покрај Вардар во Скопје, следејќи траса во должина од 5 км.