Средба на амбасадорката Оер со Заменикот на Претседателот на Владата Арбр Адеми [fr]

Амбасадорката Оер се сретна со новиот Заменик на Претседателот на Владата задолжен за Европски прашања, г. Арбр Адеми, за да разговара за подготовките за Самитот во Париз, како и за процесот за евроинтеграција на земјата.

Амбасадорката Оер се сретна на 19 април со г. Арбр Адеми, Заменик на Претседателот на Владата задолжен за Европски прашања. Во фокусот на средбата беше подготовката за Самитот за Западен Балкан којшто ќе се одржи на 4 јули 2016 г. во Париз, како и заинтересираноста на Франција во поглед на процесот за евроинтеграција на земјата.

JPEG

Покрај тоа, во присуство на францускиот советник при македонската влада којшто помага во спроведувањето на реформите поврзани со европската интеграција, г-дин Бертран Мије, амбасадорката Оер и министерот Адеми, исто така, разговараа за актуелниот македонски политички контекст. Двајцата соговорници ја потврдија неопходноста од спроведувањето на политичкиот договор потпишан од страна на четирите најголеми партии. Од друга страна, господинот Мије ги претстави актуелните проекти на коишто работи, особено во поглед на младите и граѓанското општество, реформата на јавната администрација и проектот е-влада.

JPEG

publie le 24/04/2016

hautdepage