Средба на амбасадорката Оер со министерот за Животна средина и просторно планирање, г. Башким Амети [fr]

Амбасадорката Оер оствари работна средба со новиот министер за Животна средина и просторно планирање, г. Башким Амети на којашто се разговараше за продолжувањето на билатералната соработка.

Н. Е. Госпоѓата амбасадор Лоранс Оер се сретна во вторник 26 aприл со министерот за Животна средина и просторно планирање, г. Башким Амети, којшто е на функција од почетокот на април оваа година.

JPEG

Средбата имаше за цел да се потврди продолжувањето на поддршката што Франција ја дава на Македонија за зајакнување на институционалните капацитети на земјата во областа на животната средина и борбата против климатските промени. Во 2015 година беа организирани бројни активности за запознавање на македонските граѓани со прашањата поврзани со климатските промени коишто се однесуваат како на земјата, така и на секојдневниот живот, а во партнерство со канцеларијата на УНДП во Скопје. Во 2016 година ќе бидат организирани активности за сензибилизирање на раководните кадри за потребата од воспоставување на мерки за ублажување на последиците од климатските промени во земјата; Исто така, предвидена е и специфична експертиза за управување со заштитените подрачја според моделот на природните регионални паркови во Франција, област во којашто одблиску се вклучува и бизнис-заедницата, како и локалните власти и жителите на тие области за да се обезбеди "заедничко живеење" во конкурентни услови и преку зачувување на животната средина.

JPEG

Министерот потврди дека е заинтересиран за оваа соработка и рече дека се надева оти самитот во Париз за Западен Балкан што ќе се одржи во јули 2016 г. ќе претставува можност да се воведе, како приоритет на полето на регионалната соработка - развојот на инфраструктурата на животната средина и да се окарактеризираат како "еколошки" веќе започнатите инфраструктурни проекти.

JPEG

publie le 27/04/2016

hautdepage