Средба на амбасадорките Оер и Алтхаузер со министерот за Образование и Наука, г. Пиштар Лутфиу [fr]

Амбасадорките на Франција и на Германија, Оер и Алтхаузер се сретнаа во четврток, 21 април со новиот министер за Образование и Наука, г. Пиштар Лутфиу.

Образовната и научна соработка, како и подготовката за следниот самит за Балканот што ќе се одржи во Париз, а на којшто посебно внимание ќе им се даде на младите, беа главните теми на разговор за време на посетата во Министерството за образование и наука.

JPEG
Франција има непосредна соработка со Македонија во областа на образованието, особено во однос на изучувањето на францускиот јазик. Францускиот институт во Скопје и француските алијанси во Битола и Тетово се институциите каде што секој што е заинтересиран може да го научи францускиот јазик и да се запознае со француската култура.

JPEG

publie le 24/04/2016

hautdepage