Средба на амбасадорот на Франција со градоначалникот на општина Куманово [fr]
При посетата на Куманово, амбасадорот на Франција се сретна со градоначалникот, господинот Зоран Дамјановски, како и со претставници на општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ.
При посетата на Куманово, амбасадорот на Франција се сретна со градоначалникот, господинот Зоран Дамјановски, како и со претставници на општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ. Локалните власти го претставуваат нивото коешто е најнепосредно до граѓаните.
Во оваа прилика, амбасадорот Тимоние го истакна фактот дека односите меѓу заедниците заслужуваат големо внимание, дека дијалогот треба да продолжи и стабилноста да биде одржана , особено во овој период на криза низ којашто поминува земјата.