Средба на амбасадорот со Фехми Стафа, државен правобранител [fr] [sq]

Во средата на 7 октомври, амбасадорот, пред завршувањето на својот мандат, го прими господинот Фехми Стафа, државен правобранител.

Во средата на 7 октомври, амбасадорот, пред завршувањето на својот мандат, го прими господинот Фехми Стафа, државен правобранител. Средбата беше можност тие да разговараат за состојбата во врска со споровите околу државниот имот и интересите за кои г. Стафа е одговорен да ги брани во најдобар интерес на пошироката јавност и граѓаните на Северна Македонија. Амбасадорот со интерес ја истакна изразената волја за забрзување на решавањето на споровите и унапредување на владеењето на правото и реформите во оваа област, на патот кон Европската унија, истовремено спротивставувајќи на злоупотребите на моќ и со борба против корупцијата, особено преку позначајно вклучување на Државната комисија за спречување на корупцијата, во одредени случаи.

publie le 19/10/2020

hautdepage