Средба на амбасадорот со Заменикот на Претседателот на Владата за економски прашања, г. Фатмир Битиќи [fr] [sq]

Економската соработка меѓу Франција и Северна Македонија и перспективите за нејзино продлабочување беа темите на кои се разговараше на средбата на амбасадорот со Заменикот на Претседателот на Владата за економски прашања, г. Фатмир Битиќи.

Одржливиот економски развој, владеењето на правото и довербата во институциите се важни елементи во процесот на приближување кон Европската унија. Економската соработка меѓу Франција и Северна Македонија и перспективите за нејзино продлабочување беа темите на кои се разговараше на средбата на амбасадорот со Заменикот на Претседателот на Владата за економски прашања, г. Фатмир Битиќи. Во оваа пригода, амбасадорот ја истакна улогата на Француската агенција за развој, која поддржува проекти во повеќе области, важни за спроведување на реформите неопходни за евроинтеграциите на земјата.

publie le 30/09/2020

hautdepage