Средба на министерот за надворешни работи Г-дин Никола Димитров со конзули на 7 земји [fr] [sq]

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, оствари средба во неделата, на 23 септември со конзули на 7 земји со седиште во Битола.

По тој повод, нашиот почесен конзул г-ѓа Калиопа Стилиновиќ - Kривашија, му ги презентираше на министерот своите активности во текот на годината кои го надополнуваат и зацврстуваат присуството на амбасадата во вториот по големина град во земјата, особено во рамките на одбележувањето на стогодишнината од крајот на Првата светска војна, 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи и 50-годишнината од збратимувањето на Битола со Епинал преку голем број размени меѓу двата града.

Годината ја одбележува и отворањето на новиот музеј на нашите воени гробишта, каде што во септември беше поставен споменик за сеќавање на битката кај Добро Поле и пробивот на Фронтот од Источната армија, настан кој имал решавачко значење за победата на сојузниците. Оваа комеморација е впишана во македонската агенда на Европската година на наследството.

publie le 26/09/2018

hautdepage