Средба на премиерите Филип и Заев во Познањ [fr] [sq]

За време на Самитот за Западен Балкан во Познањ, премиерот Едуар Филип, придружуван од Државниот секретар за европски прашања, г-ѓа Амели де Моншален, оствари средба со Премиерот Зоран Заев, со Министерот за Надворешни работи Никола Димитров и со Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, г. Бујар Османи.

Во оваа пригода, г. Филип го истакна зголемениот интерес што Франција го има кон регионот и ја претстави новата француска Стратегија за Западен Балкан, којашто ја најави Претседателот Макрон на Самитот на 29 април во Берлин. Тој, исто така, го пофали историскиот Договор од Преспа, како регионален пример.

publie le 07/07/2019

hautdepage