Средба со Ален Лакабаратс, Декан за настава во Националната школа за правосудство [fr] [sq]

Претседателот Лакабаратс, член на Националниот судски совет, беше примен на Академијата за судии и јавни обвинители, како дел од размените со овој клучен партнер во нашата соработка со Македонија во областа на владеењето на правото.

Во оваа пригода, тој оствари средби со македонски судски функционери, како и со претседателите на Врховниот суд и на Уставниот суд и разговораше со нив по одржаното предавање за француското искуство во врска со независноста на судиите и јавните обвинители. Оваа обука е дел од богатата соработка со Националната школа за правосудство која започна во 2006 година, а која има за цел размена на мислења и практики од различни аспекти на оваа професија.

publie le 03/04/2018

hautdepage