Средба со Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, г. Томислав Тунтев [fr] [sq]

Амбасадорот, придружуван од Помошникот-раководител на регионалната служба за економска соработка, во средата на 24 април оствари средба со Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, г. Томислав Тунтев. Во оваа прилика, директорот го информираше амбасадорот за стручните капацитети на Агенцијата за цивилно воздухопловство и за секојдневните предизвици со кои се соочува оваа институција.

Соговорниците разговараа и за можностите за продлабочување на билатералната соработка во областа на цивилното воздухопловство, особено по неодамнешната посета на Скопје од страна на претставници на Француската генерална дирекција за цивилно воздухопловство.

JPEG

publie le 30/04/2019

hautdepage