Средба со Државниот правобранител [fr] [sq]

Во средата, на 7 август, амбасадорот го посети Државното правобранителство и оствари средба со Државниот правобранител, г. Фехми Стафа и неговите соработници. Средбата беше можност тој да разговара за одреден број тековни проблеми поврзани со корупциски теми и предизвиците со кои се соочува оваа институција одговорна за одбрана на општиот интерес во поглед на постојните парници околу имотот и интересите на државата.

Амбасадорот имаше пофални зборови за членовите на Државното правобранителство, кои се залагаат за унапредување на владеењето на правото, како приоритет на патот кон европските интеграции. Неговите соговорници изразија желба за билатерална соработка во регионален и европски контекст.

publie le 12/08/2019

hautdepage