Средба со Г-дин. Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ [fr] [sq]

Амбасадорот оствари средба на 29 октомври со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Тие разговараа за приоритетите на земјата, особено во однос на европската и атлантската интеграција.

JPEG
Овие, според неговиот водач, остануваат во средиштето на партиската активност, и покрај нејзиното противење на Договорот од Преспа, во врска со којшто амбасадорот потсети на поддршката од страна на француските власти. Претседателот Мицкоски го информираше амбасадорот дека партијата ја поддржува европската перспектива на земјата и повика на продолжување на реформската агенда. Амбасадорот ја истакна важноста од задоволителна политичка стабилност, конструктивен став и соработка на парламентарните партии за постигнување напредок до следното лето, со конкретни резултати, така што земјите-членки на ЕУ ќе може да донесат позитивни одлуки. Тој ја повика ВМРО-ДПМНЕ целосно да ја одигра својата улога како прва опозициска партија која ќе придонесе за институционален и економски напредок на земјата.

publie le 31/10/2018

hautdepage