Средба со Министерката за Труд и Социјална политика, г-ѓа Мила Царовска [fr] [sq]

Во понеделникот на 25 март Амбасадорот оствари средба со Министерката за Труд и Социјална политика, г-ѓа Мила Царовска. Средбата исто така, беше можност врз основа на текстот што го достави Северна Македонија, формално да започнат разговорите за билатералниот договор за социјална заштита кој треба да го замени договорот од поранешна Југославија, кој е сè уште во сила, а за којшто се потребни значајни прилагодувања во интерес на корисниците на двете земји (вработени, болни, пензионери).

JPEG

Во понеделникот на 25 март Амбасадорот оствари средба со Министерката за Труд и Социјална политика, г-ѓа Мила Царовска. На средбата, тој го поздрави изгласувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација, што претставува значаен чекор во агендата на реформите што ги бара Европската унија за отпочнување на пристапните преговори. Од своја страна, Министерката го информираше Амбасадорот за другите закони кои се во процес на усвојување, а со коишто се зајакнува социјалната заштита и особено ранливите категории (малолетници, стари лица). Средбата исто така, беше можност врз основа на текстот што го достави Северна Македонија, формално да започнат разговорите за билатералниот договор за социјална заштита кој треба да го замени договорот од поранешна Југославија, кој е сè уште во сила, а за којшто се потребни значајни прилагодувања во интерес на корисниците на двете земји (вработени, болни, пензионери). Договорот од Преспа, кој го реши спорот околу името, овозможи ова прашање повторно да биде на дневен ред. Амбасадорот во оваа пригода ја поздрави посветеноста на министерката во нејзината област на дејствување.

publie le 26/03/2019

hautdepage