Средба со Министерот за Транспорт и врски, г. Горан Сугарески [fr] [sq]

Амбасадорот, во придружба на претставници на Француската агенција за развој, во вторникот на 16 април оствари средба со Министерот за Транспорт и врски, г. Горан Сугарески.

Во оваа прилика, соговорниците разговараа за проекти од областа на патната и железничката инфраструктура. Министерот го запозна амбасадорот со изградбата на железничката пруга на Коридорот 8, како и со плановите за развој на патната мрежа во земјата и ги покани сите француски компании заинтересирани да учествуваат во идните тендери за реализација на планираните проекти.

publie le 22/04/2019

hautdepage