Средба со Никола Димитров во Францускиот институт за меѓународни односи (ИФРИ). [fr] [sq]

На 4 април, македонскиот Министер за Надворешни работи, Никола Димитров, кој престојуваше во официјална посета на Париз, со својата делегација го посети Францускиот институт за меѓународни односи (ИФРИ).

На средбата присуствуваа г. Доминик Давид, советник на претседателот на ИФРИ, уредник за надворешна политика, г-ѓа Лилјана Танги, член на Националното собрание и заменик-претседател на групата за парламентарна соработка помеѓу Франција и Македонија, амбасадорот Тимоние, членови на македонската делегација и претставници на ИФРИ. Во оваа прилика, соговорниците разговараа за прашања поврзани со актуелната состојба во Македонија, нејзиното партнерство со Франција и зајакнувањето на билатералната соработка, како и нејзините односи со другите земји од Западен Балкан и европските перспективи.

publie le 09/05/2018

hautdepage