Средба со Томислав Тунтев [fr] [sq]

Во вторник, 22 мај, амбасадорот оствари средба со г. Томислав Тунтев, парламентарен координатор на групата пратеници на СДСМ.

Тие разговараа за прашања поврзани со тековните парламентарни дебати, вклучувајќи го и дијалогот "Жан Моне", кој се одржа на крајот од минатата недела во Охрид. Г. Тунтев го информираше амбасадорот за постигнатиот напредок во донесувањето на етичкиот кодекс, како и подготвеноста на сите парламентарни групи да работат на квалитетни измени на Деловникот за работа на македонскиот Парламент.

Амбасадорот ја искажа својата поддршка за активностите што ги обединуваат сите партии, како и за дијалогот "Жан Моне", истакнувајќи ја потребата од широк консензус околу клучните процеси за напредок на земјата на патот кон европската интеграција.

publie le 25/05/2018

hautdepage