Средба со Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) [fr] [sq]

На 16 август амбасадорот оствари средба со г. Насер Селмани, претседател на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), кој го информираше за загриженоста на здружението за неодамнешните случувања во врска со финансирањето на медиумите од аспект на законодавството, особено во пресрет на кампањата за референдумот предвиден за 30 септември.

Амбасадорот го истакна значењето што Франција го дава на продолжувањето и зацврстувањето на реформите постигнати од 2016 година наваму, а кои имаат за цел транспарентност и еднаквост на медиумите пред можното јавно финансирање.

Тој потсети на значајните заложби што се прават во оваа област од страна на актуелната влада, чијашто реализација амбасадата внимателно ја следи, како суштински елемент на патот по кој Македонија продолжува кон европската интеграција.

publie le 17/08/2018

hautdepage