Средба со Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) [fr] [sq]

Во средата, на 26 декември амбасадорот го прими новиот претседател на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Младен Чадиковски, како и директорот на ова здружение, г-дин Драган Секуловски.

Тој му честиташе на Чадиковски на неговиот избор, а потоа тие разговараа за тековното функционирање на здружението и за проектите што ги најавува новиот претседател. Во оваа пригода, амбасадорот ја потврди поддршката на нашата амбасада кон ЗНМ, особено во поглед на обуката и потребата од неутрална, независна и квалитетна служба за информирање на јавноста.

publie le 09/01/2019

hautdepage