Средба со Зиадин Села [fr] [sq]

Во средата, на 6 февруари амбасадорот оствари средба со г. Зиадин Села, претседател на Алијанса за Албанците и со г. Елми Азири, потпретседател на оваа партија.

Тие разговараа за политичката состојба во земјата и во регионот по ратификацијата на Договорот од Преспа, за што амбасадорот го истакна придонесот на оваа политичка партија, за претседателските избори, како нова демократска етапа од патот на европската интеграција, како и на теми поврзани со спроведувањето на реформите, борбата против криминалот и корупцијата, воспоставувањето на владеењето на правото и регионалната стабилност.

publie le 12/02/2019

hautdepage