Средба со делегацијата од Меѓународната организација за миграции [fr] [sq]

На 25 јуни 2019 амбасадорот, придружуван од аташето за внатрешна безбедност и офицерот за врски, прими делегација од Меѓународната организација за миграции предводена од нејзиниот шеф на канцеларијата во Северна Македонија, г-ѓа Соња Божиновска.

Во оваа пригода беа презентирани активностите во Северна Македонија на оваа структура на Обединетите нации и можната билатерална соработка со амбасадата. ИОМ посветено работи на хуман и уреден менаџмент во областа на миграцијата. За таа цел, таа придонесува во изнаоѓањето практични решенија за проблемите со миграцијата, обезбедувањето хуманитарна помош за мигрантите кои имаат потреба од неа, вклучувајќи ги и бегалците, внатрешно раселените лица, но и да ја промовираат меѓународна соработка за прашања поврзани со миграцијата.

JPEG

publie le 28/06/2019

hautdepage