Средба со директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, г-ѓа Наташа Габер Дамјановска [fr] [sq]

Во рамките на нашата билатерална соработка со Академијата за судии и јавни обвинители, амбасадорот оствари средба со нејзината директорка, г-ѓа Наташа Габер Дамјановска, за да потсети дека е потребно да се одржува континуитет во соработката помеѓу француската Националната школа за судии и обвинители и Академијата.

Тој се информираше за доброто спроведување на приемните и завршните испити организирани од Академијата и потсети на суштинската улога што треба да ја има оваа институција за да ја врати довербата во судскиот систем на земјата и за понатаму да се гради Правната држава, што пак претставува основен услов за продолжување на нејзината европска интеграција. Како поддршка на овој процес, македонските судии ќе имаат континуирани обуки во Франција, а француската Национална школа ќе организира на почетокот на 2020 година експертска и советодавна мисија за соработка со Академијата за судии и јавни обвинители.

JPEG

publie le 02/10/2019

hautdepage