Средба со директорката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), г-ѓа Билјана Ивановска [fr] [sq]

Во понеделник, на 27 мај амбасадорот оствари средба со директорката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), г-ѓа Билјана Ивановска и со повеќемина други нејзини членови. За време на средбата, директорката го информираше амбасадорот за функционирањето на институцијата и за нејзините методи за справување со разни случаи на корупција, злоупотреба на моќ или конфликт на интереси.

Во оваа прилика, соговорниците разговараа и за можноста за воспоставување на соработка со Француската агенција за борба против корупцијата преку размена на добри практики со француски експерти.

publie le 01/06/2019

hautdepage