Средба со директорката на „Музејот на македонската борба“, г-ѓа Даниела Николова [fr] [sq]

Во понеделникот на 23 септември, амбасадорот ја прими директорката на „Музејот на македонската борба“, г-ѓа Даниела Николова, по нејзината работна посета на Париз од 9 до 13 септември. Г-ѓа Николова го посети Музејот на човекот и Националниот институт за наследство и се запозна со делата и предметите на Северна Македонија што се чуваат во Музејот на цивилизациите на Европа и Медитеранот во Марсеј, во перспектива за идна соработка со овие институции, особено околу збирките што се чуваат во Франција.

Амбасадорот ја искажа подготвеноста и интересот на француските власти да го поддржат тековниот научен и музеолошки процес.

publie le 02/10/2019

hautdepage