Средба со директорката на Управата за заштита на културното наследство при Министерството за култура, г-ѓа Елеонора Петрова [fr] [sq]

Амбасадорот, придружуван од советникот за културна соработка оствари средба со г-ѓа Елеонора Петрова, директорка на Управата за заштита на културното наследство при Министерството за култура. Во оваа прилика, амбасадорот ѝ се заблагодари на г-ѓа Петрова за големиот број изрази на сочувство што македонската страна ги упати по пожарот што ја зафати Богородичната црква во Париз.

Разговорот се фокусираше и на можното заживување на соработката во областа на археологијата и изложбите, со доаѓањето во мај на г-ѓа Рафаел Зиаде, куратор на Музејот при Малата палата во Париз, специјалист за византиска уметност.

JPEG

publie le 24/04/2019

hautdepage