Средба со директорот г. Фејзи Хајдари и уредникот г. Исен Салиу на дневниот весник на албански јазик „Лајм“ [fr] [sq]

Во четвртокот на 21 ноември, амбасадорот оствари средба со директорот г. Фејзи Хајдари и уредникот г. Исен Салиу на дневниот весник (и портал) на албански јазик „Лајм“ (3000 примероци). Средбата беше можност тие да разговараат на актуелни теми поврзани со европската перспектива на земјата, како и за конкретни прашања за проблемите со кои се соочува редакцијата на овој весник во своето секојдневно работење.

JPEG

Од своја страна, амбасадорот потсети дека Франција внимателно го следи исполнувањето на заложбите на владата во областа на слободата на медиумите, како суштински елемент на патот на европската интеграција на Северна Македонија.

publie le 30/11/2019

hautdepage