Средба со директорот на Бирото за регионален развој, г. Рамиз Реџепи [fr] [sq]

Во средата на 6 ноември, амбасадорот го прими директорот на Бирото за регионален развој, г. Рамиз Реџепи. За време на средбата, директорот го информираше амбасадорот за активностите на неговата институција во поглед на еден рамномерен и одржлив развој на целата територија на Северна Македонија, поделена на осум региони.

Амбасадорот ја истакна важноста што Франција ја дава на просторното планирање на македонската територија и ја спомена можноста за соработка во рамките на тековната имплементација на Француската агенција за развој во Западен Балкан, што ја покажува заложбата на Франција да го поддржи одржливиот развој во регионот.

publie le 22/11/2019

hautdepage