Средба со директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, г-ѓа Јасмина Поповска [fr]

Амбасадорот на Франција, придружуван од аташето за соработка, се сретна со директорката на Фондот за иновации и технолошки развој, г-ѓа Јасмина Поповска.

Амбасадорот на Франција, придружуван од аташето за соработка, се сретна со директорката на Фондот за иновации и технолошки развој, г-ѓа Јасмина Поповска. Развојот и спроведувањето на националните политики за иновации и технологии претставуваат дел од јавните политики, како во Франција, така и во Македонија. На средбата се разговараше за искуствата во областа на бизнис инкубаторите како елемент од развојот на претприемничките компании, поддршката на старт-ап бизниси и создавањето на иновативни бизнис мрежи. Овие теми отвораат нови можности за соработка.

JPEG

publie le 05/05/2017

hautdepage