Средба со директорот на затворот во Шуто Оризари, г-дин Есад Рахиќ [fr] [sq]

Амбасадорот го посети затворот во Шуто Оризари на покана на новиот директор, г. Есад Рахиќ. Придружуван од своите соработници, тој беше во можност да ја посети оваа казнено поправна установа, изградена во 1969 година, која има потреба од позначајно реновирање.

Амбасадорот разговараше со дел од притворените и со затворскиот персонал, а се запозна и со првичните подобрувања на условите. Франција преку ЕУ ќе поддржи реновирање на затворите во Шуто Оризари, Идризово, Тетово и во Куманово во висина од 1,95 милиони евра. Директорот исто така изрази интерес за соработка со Франција за обука на персоналот.

JPEG

publie le 02/10/2019

hautdepage