Средба со државниот правобранител, г. Фехми Стафа [fr] [sq]

Во петокот на 5 април, амбасадорот оствари средба со државниот правобранител, г. Фехми Стафа. Средбата беше можност да се разговара за актуелната состојба во врска со постојните спорови околу имотите и интересите на државата, што г. Стафа ги следи во најдобар интерес за пошироката јавност и граѓаните на Северна Македонија.

JPEG

Амбасадорот внимателно ја забележа изразената волја за забрзување на решавањето на споровите, покрај сите притисоци, да се воспостави и почитува владеењето на правото наспроти неоправдано стекнатите интереси, што претставува приоритет на патот кон европската интеграција. Двајцата соговорници разговараа и за можностите за билатерална соработка со оваа институција, која заслужува особена поддршка.

publie le 15/04/2019

hautdepage