Средба со г. Биљал Касами, претседател на партијата БЕСА [fr] [sq]

Во средата на 27 март, амбасадорот оствари средба со г. Билал Касами, претседател на партијата БЕСА (опозиција), придружуван од градоначалникот на Желино, г. Блерим Сејдиу, во седиштето на оваа политичка партија во Тетово.

JPEG

На средбата тие разговараа за актуелната политичка состојба во Северна Македонија, за законот за Специјалното обвинителство, за претседателските избори, како и за продолжувањето по реформскиот пат во рамките на процесот за европска интеграција. Соговорниците разговараа и за проектите на општина Желино, како и за можното вклучување на Француската агенција за развој во иднина во врска со проекти кои се однесуваат на развојот на туризмот.

publie le 01/04/2019

hautdepage