Средба со г. Ѓорѓи Илиевски, виш просветен инспектор [fr] [sq]

Во средата на 19 јуни, амбасадорот оствари средба со г. Ѓорѓи Илиевски, виш просветен инспектор. На средбата, тие разговараа за актуелни прашања во врска со реформите во образовниот сектор, особено за високото образование, за коешто инспекторот е задолжен.

Во оваа пригода, г. Илиевски му го презентираше на амбасадорот својот најнов труд: „Состојби и потреби за квалитет на високото образование во Република Северна Македонија” во перспектива на нејзината европска интеграција.

JPEG

publie le 23/06/2019

hautdepage