Средба со г. Мендух Тачи, претседател на ДПА [fr] [sq]

Амбасадорот оствари средба во петокот, на 13 април, со г. Мендух Тачи, претседател на ДПА.

JPEG
Во оваа прилика, тие разговараа за актуелната политичка состојба, за стратешките приоритети на Македонија и реформските процеси. Господинот Тачи и амбасадорот се согласија за потребата од конструктивен политички дијалог кој ќе им овозможи на албанските партии активно да се вклучат во прашањата од клучно значење за земјата, како што се реформите во правосудството и администрацијата, но и развојот на образованието и културата во плуралистички и европски дух. Амбасадорот ја изрази својата поддршка кон процесот на дијалог со цел враќање на нормалното функционирање на Парламентот, што е предуслов за европска интеграција на земјата. Претседателот на ДПА ја потврди волјата на неговата политичка партија активно да учествува во процесите на европска и атлантска интеграција.

publie le 09/05/2018

hautdepage