Средба со г-динот Биљал Касами, претседател на партијата БЕСА [fr] [sq]

Амбасадорот оствари средба на 4 февруари со г. Билал Касами, претседател на партијата БЕСА (опозиција), со потпретседателот г. Абдуш Демири, и со г. Дервиш Алими, член на претседателството на БЕСА.

Во оваа пригода, г. Касами ја потврди подготвеноста на неговата партија активно да учествува во процесите на европска и атлантска интеграција и даде проценка за случувањата во земјата и во регионот.
Амбасадорот го поздрави позитивниот удел на оваа партија во ратификацијата на Договорот од Преспа. Тој го повика да продолжи да ја поддржува реформската агенда врз основа на ефективно споделување на европските вредности и човековите права.

publie le 06/02/2019

hautdepage