Средба со г-ѓа Искра Стојковска, од невладината организација „Фронт 21/42“ [fr] [sq]

Во понеделникот на 29 јуни, амбасадорот, придружуван од аташето за соработка, г-ѓа Жили Маравал, оствари средба со г-ѓа Искра Стојковска, од невладината организација „Фронт 21/42“. Тие разговараа за воспоставениот правен систем за зачувување на Охридското Езеро, но и за неговите недостатоци и тековниот процес за негово подобрување. Беше побарана поддршка од Франција, особено во областа на експертизата на езерскиот биодиверзитет.

Амбасадорот во целост ги поддржа активностите на оваа невладина организација, како и локалните и владините мерки што ќе бидат преземени во насока на вистинска заштита на охридскиот локалитет. Тој потврди дека француските власти се подготвени да соработуваат во зачувувањето на биолошката разновидност во Северна Македонија. Предвидени се партнерства помеѓу невладини организации, со поддршка на Француската агенција за развој.

JPEG

publie le 05/07/2020

hautdepage