Средба со г-ѓа Рашела Мизрахи, министерка за труд и социјална политика во преодната влада на Северна Македонија [fr] [sq]

Во петокот на 7 февруари, амбасадорот оствари средба со г-ѓа Рашела Мизрахи, министерка за труд и социјална политика во преодната влада на Северна Македонија. На средбата стана збор за формирањето, работењето и улогата на преодната влада во прилог на спроведување фер и транспарентни предвремени парламентарни избори, покрај нејзината директна или индиректна улога и во други области.

Двајцата соговорници се согласија дека за правилно спроведување на изборите е потребно слободно и транспарентно учество на сите заедници, вклучително и на ранливите категории. Амбасадорот потсети дека француските власти придаваат голема важност на борбата против говорот на омраза во политиката. Тие категорично ги осудуваат сите изрази на антисемитизам на коишто не им е местото во европската демократија.

JPEG

publie le 10/02/2020

hautdepage