Средба со градоначалникот на Центар (Скопје), г. Саша Богдановиќ [fr] [sq]

Во четврток на 2 мај амбасадорот оствари средба со градоначалникот на Центар (Скопје), г. Саша Богдановиќ. Во оваа прилика, соговорниците се осврнаа на прашања поврзани со актуелните случувања, развојот на оваа општина и предизвиците со кои се соочува.

Тие исто така, разговараа за идните перспективи за билатерална соработка, особено во областа на образованието и културата, преку Францускиот институт во Скопје, како и за потребите од странски инвестиции низ призмата на влегувањето на Француската агенција за развој (АФД) на Балканот. како дел од заложбата на Франција да ги поддржи шесте земји од регионот во насока на еден одржлив развој.

JPEG

publie le 06/05/2019

hautdepage