Средба со градоначалникот на Кисела Вода [fr] [sq]

Во понеделникот на 10 декември, амбасадорот ја посети Општина Кисела Вода (Скопје) и оствари средба со нејзиниот градоначалник, г. Филип Темелковски.

Градоначалникот го информираше амбасадорот за функционирањето на општината од почетокот на својот мандат, како и за идните планови за реализација на три проекти за фекална канализација, за справувањето со проблемот со аерозагадувањето, како и за можностите за идна соработка, особено во областа на образованието и на културен план, преку Францускиот институт во Скопје.

publie le 19/12/2018

hautdepage