Средба со градоначалникот на Куманово [fr] [sq]

Во петокот на 6 септември, амбасадорот оствари средба со градоначалникот на Куманово, г. Максим Димитриевски. Во оваа прилика, тие разговараа за локалната самоуправа, за одличните резултати од изучувањето на францускиот јазик во основните и средните училишта на овој град, како и за фестивалот „Рома Труба Фест“.

На крајот на средбата, амбасадорот и градоначалникот ја посетија градската галерија и изложбата насловена „Византиски и поствизантиски сакрални споменици“.

publie le 19/09/2019

hautdepage