Средба со градоначалникот на општина Новаци [fr] [sq]

Во четвртокот, на 17 мај, амбасадорот ја посети општината Новаци и се сретна со градоначалникот Љубе Кузманоски.

Двајцата соговорници ги истакнаа одличните традиционални односи, особено во областите на децентрализираната соработка и заедничкото чествување на настаните поврзани со Источниот Фронт. Градоначалникот го информираше амбасадорот за тековните активности од соработката со општина Коломбел, во Нормандија.

Комеморативното одбележување на настаните на Источниот фронт како дел од стогодишнината од Првата светска војна и проектите под заштита на Институцијата од јавен интерес „Мисија за стогодишнината од Првата светска војна“, како и можностите за развој на алтернативниот историски туризам, во тие рамки, исто така, беа меѓу темите на коишто се разговараше.

publie le 21/05/2018

hautdepage