Средба со координаторот на парламентарната група на СДСМ [fr] [sq]

На 13 ноември амбасадорот, на негово барање, оствари средба со координаторот на парламентарната група на СДСМ, г. Томислав Тунтев, на којашто тие разговараа за актуелната политичка состојба.

Амбасадорот изрази поддршка за инклузивен и меѓупартиски процес кој ќе овозможи пошироко усвојување на уставните измени со кои ќе се овозможи ратификација на Спогодбата од Преспа. Тој го поздрави конструктивниот пристап што неодамна го искажаа неколку лидери од опозицијата за усвојување на законите што се потребни на патот кон Европската унија. Тој, во согласност со законот и одвоеноста на власта, рече дека ќе бидат корисни сите мерки што се преземаат за помирување и за враќање на единството помеѓу засегнатите политички партии за подобро функционирање на Парламентот и заедничка визија за националниот интерес.

publie le 27/11/2018

hautdepage