Средба со министерот задолжен за странски инвестиции [fr] [sq]

Во средата, на 7 ноември, амбасадорот оствари средба во просториите на амбасадата со господинот Бардил Даути, министер без ресор задолжен за странски инвестиции при македонската Влада (ДПА).

Разговорот најнапред се фокусираше на политичката и економската клима во Македонија и европските перспективи на земјата. Соговорниците, исто така, разговараа и за теми поврзани со продлабочувањето на билатералната соработка помеѓу Франција и Македонија.

Амбасадорот го забележа значителното зголемување на интересот на француските компании за земјата благодарение на нејзината политичка стабилизација и неодамнешниот напредок во насока на подобра регионална интеграција на Балканот, што претставува суштински чекор на патот кон европската интеграција.

publie le 14/11/2018

hautdepage