Средба со министерот без ресор задолжен за странски инвестиции, г. Елвин Хасан [fr] [sq]

Во понеделникот на 3 февруари амбасадорот оствари средба со министерот без ресор задолжен за странски инвестиции, г. Елвин Хасан. На средбата, тие разговараа за политичката и економската клима во Северна Македонија и за европските перспективи на земјата, особено за местото на различните заедници во процесот на интеграција.

Амбасадорот ја повтори волјата на француските власти да продолжат да и помагаат на земјата на нејзиниот европски пат и ја истакна важноста од спроведувањето на фер, транспарентни и регуларни предвремени парламентарни избори, како и од усвојување на законот за јавното обвинителство во Парламентот.

publie le 07/02/2020

hautdepage