Средба со министерот за Внатрешни работи [fr] [sq]

Во средата на 11 септември, амбасадорот придружуван од аташето за внатрешна безбедност, оствари средба со министерот за Внатрешни работи, г. Оливер Спасовски. На средбата, тие пред сè разговараа за реформите во областа на владеењето на правото во Северна Македонија.

Притоа, амбасадорот истакна дека Франција е подготвена да ги поддржи сите реформи што ќе ја приближат Северна Македонија до европските стандарди, преку продолжување на нашата особено интензивна соработка. Воспоставувањето на постапки за ветинг во рамките на Министерството за Внатрешни работи претставува интересен механизам во тој поглед. Франција внимателно ќе го следи спроведувањето на споменатите реформи, кои се неопходни за изградба на правната држава. Амбасадорот со интерес се информираше за мерките што се преземаат во поглед на илегалната имиграција и го поздрави неодамнешното одржување на Советот за безбедност на Претседателот на државата.

publie le 19/09/2019

hautdepage