Средба со министерот за одбрана, г. Зоран Јолевски [fr]

Амбасадорот на Франција, придружуван од аташето за одбрана, полковник Жан-Марк Лавале, денеска оствари средба со министерот за одбрана, г. Зоран Јолевски.

Амбасадорот на Франција, придружуван од аташето за одбрана, полковник Жан-Марк Лавале, денеска оствари средба со министерот за одбрана, г. Зоран Јолевски. За време на средбата, соговорниците го истакнаа високото ниво на соработка во областа на одбраната, како и нејзиниот континуитет и можноста за нејзино проширување преку учество на воен персонал од двете земји во меѓународни мировни мисии предводени од Европската Унија. Министерот Јолевски се заблагодари на француската страна нагласувајќи го квалитетот на обуката наменета за воениот персонал, што ѝ овозможува на Армијата на Република Македонија да ја постигне потребната интероперабилност со земјите членки на НАТО.

publie le 05/05/2017

hautdepage