Средба со новата директорка на Академијата за судии и јавни обвинители [fr] [sq]

Амбасадорот, придружуван од аташето за соработка, оствари средба со новата директорка на Академијата за судии и јавни обвинители, г-ѓа Габер Дамјановска.

Во таа пригода, тој потсети дека Франција очекува оти неопходните реформи, особено во доменот на правдата како клучна област, треба да се спроведуваат паралелно со реализацијата на Договорот од Преспа, со што ќе им се овозможи на земјите-членки да ја имаат во предвид можноста за отворање пристапни преговори.

Разговорот беше фокусиран на тековните и планираните реформи во Академијата, за да се обезбеди регрутирање и обука во рамките на компетентен и непристрасен правосуден систем, како и поддршката што Франција ќе ја обезбедува на тој план, во континуитет на односите воспоставени со нашата Национална школа за магистратура (ЕНМ).

Амбасадорот ѝ го достави на директорката мошне позитивниот извештај изготвен од ЕНМ на барање на нашата амбасада, а по повод десетгодишната соработка.

publie le 22/01/2019

hautdepage